Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ГО НАТЕРАЛО ДА ПУКА ВО СВОЈОТ ЗЕТ - убиство го потресе Скопје

ШТО ГО НАТЕРАЛО ДА ПУКА ВО СВОЈОТ ЗЕТ - убиство го потресе Скопје

Главниот град вчера вечер беше потресен од убиството што се случи во населбата Тафталиџе. 

Едно лице беше убиено, а едно застрелано во десната нога, во семејна расправија во продавница, на улицата Московска, непосредно до пазарот во Тафталиџе.

Сторителот на убиството е приведен, информираа медиумите.

Според првичните информации од МВР за МИА, убиството е извршено од стрна на сопственикот на продавницата В.Ш. (55), кој по рсправија со пиштол пукал кон неговиот зет за сестра С.Д. (55), кој починал на самото место. 

Неговиот внук од сестра Ф.Д. (25), е погоден со куршум во десната нога и е префлен во Ургентен центар, каде му се укажува лекарска помош.

„Причините за убиството се нарушени семејни и имотно-правни односи, а сторителот е приведен“, посочуваат од МВР.

Настанот во полиција бил пријавен во 19.40 часот.

Слично

Поврзани вести