Што го натера мажот со својот автомобил да удри во сопругата
На новогодишната ноќ често се случуваат и разни бизарности и неразјаснети работи.
Меѓу нив и онаа дека маж од Кавадарци си ја прегазил 38-годишната сопруга.
Имено, како што јавуваат медиумите, „утрово околу 5 часот во Полициска станица Кавадарци, С.Т.(38) од Кавадарци пријавила дека на паркинг на ул. „Цветан Димов“ во Кавадарци била yдpeнa од патничко возило „пасат“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од нејзиниот сопруг Г.Т“.
Жената била префрлена во Општа болница Кавадарци, каде ѝ биле констатирани тeшки тeлecни пoвpeди.
Допрва ќе се расчистува што го натерало и толку многу го изреволтирало мажот да удри со автомобилот во својата сопруга.
Слично
