Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што гарантира амандманот кој беше усвоен вчера?

Што гарантира амандманот кој беше усвоен вчера?

Усвоен е амандманот со кој се гарантира суверенитетот на Грција.

Со третиот амандман се отвора членот 3 од Уставот.

Комисијата за уставни прашања, вчера со десет гласа „за“ и два „против“ го усвои и предлог-амандман на Уставот со кој Македонија се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.  Опозицијата за амандманот вели дека е непотребен со оглед дека во Уставот веќе го гарантира суверенитот и дека Македонија никогаш немала територијални претензии. Претениците од СДСМ рекоа дека токму однесувањето и реториката на ВМРО-ДПМНЕ изминатите години го наметнала барањето од страна на Грција за запирање на политичката реторика на територијални претензии.

Четвртиот амандман, чиј текст ќе се дискутира на следниот состанок на комисијата, се однесува на грижата на државата кон дијаспората и зачувувањето на културното и историското наследство на македонскиот народ.

Слично

Поврзани вести