„ШТО ФЕРМАН ИЗНАПИШАЛ ЗА ОСТАВКА- А ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕН КАКО ПОЛОШ ОД ОНОЈ IQ33“: Ванковска за Ковачевски и заминувањето од претседателското место на СДСМ
Професорката Билјана Ванковска и кандидат за претседател на Левица, се огласи за оставката на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
„ Што ферман изнапишал за оставка до која не требаше ни да дојде - затоа што беше октроиран лидер на СДС.
Па уште потписот!?! Оф мори мајко!
Заминува како проф. д-р! А ќе остане запомнет како полош од оној IQ33.
Туку, толку е ова неважно и патетично! Најжално е што сепак добија толку гласови за овој лик!?!
ВЛЕН се устоличува - сега ќе станува “интересно”.'' напиша таа на фејсбук.
Слично
