Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што евидентираше сообраќајната полиција вчера?

Што евидентираше сообраќајната полиција вчера?

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје се евидентирани вкупно девет сообраќајки.  Во две од нив со тешки телесни повреди се здобиле пешак и возач на мотоцикл, во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле седум лица, а во две била причинета материјална штета.

Според информациите од МВР, вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и четири возачи  за неправилно престигнување. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој  го управувал возилото под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и едно техничко неисправно возило и 14 нерегистрирани возила. Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 80 возила, а непрописно паркирани биле затекнати 91  возило.


Слично

Поврзани вести