Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што е тоа Урбана Мафија и како функционира?

Што е тоа Урбана Мафија и како функционира?
Притисоци за промени на Детални урбанистички планови со цел да се добие   атрактивна парцела со што поголема габаритност и висина, блиски врски со секоја политичка гарнитура што е на власт, ова се дел од инструментите што урбаната мафија ги користи во остварувањето за зацртаните бизнис планови за лесно збогатување. Години назназад надлежните постојано најавуваат битки и ригорозни казни за учесниците во градежниот криминал, но добро разработената шема на урбаната мафија за жал сеуште функционира. Иако, јавно никој не сака да одговори дали во Скопје има градежна мафија, сепак јавна тајна е дека постои, коментираат упатените во бизнисот. И покрај тоа што зборот урбана мафија често пати се споменува во круговите на урбанистите и оние што Фактор ги консултираше за да објаснат на кој начин фунцинира криминалот, сакаа да останат анонимни. Центарот е „мека на градежната мафија“ Централното градско подрачје е “мека” за  градежната мафија, тука е најскап квадратот, самата локација си го прави своето и токму во овој дел се бара максимум на изградена површина и искористување на она што значи габарит и висина. Упатените во градежниот бизнис велат дека  во центарот на Скопје парцелите се најограничени и тука продажбата е најатрактивна било да се работи за земјиште или за деловен простор или стан, па затоа тука притисокот на оние што сакаат да направат нешто на сила и нелегално е најсилен. Но урбаната мафија не е еден човек, тоа е цел ланец од луѓе инволвирани во процесот со комплетно разработена шема. Функционира на тој начин што обично бараат промени во просторот, со одредени маркици за места за кои не е својствено на пример да имаат максимална висина и габарит. Извори за Фактор коментираат дека инволвираните вршат големи пристисоци првенствено кај урбанистите планери и оператори,  кај општинскиот совет кој го гласа планот, за да го извлечат максимумот на дозволена висина и квадратура.
„Во прво време може да му даде дел од можностите, бидејќи  не може во секое време да го дозволат максимумот, на она што значи процент на изграденост. Но треба да проработи свеста и совеста на урбанистите, тие не можат да бидат исклучени од одговорноста, затоа што тие можат да одат до максималните услови што ги бараат нормативите за просторно урбанистичко планирање и законот, и тука може да оди во максимално искористување на просторот. Сепак ќе кажам ако има спроведено исправна постапка, да се направи анкета од граѓаните, ако советниците си ја вршат работата како што треба, оти кај нив поминува два пати анкетата на самиот детален урбанистички план и ако никој не реагира, зошто е зголелемена маркица по обем, по висина, по квадратура, без разлика колку и да сакал некој да му помогне на криминалецот, тоа нема да може да го стори, затоа и граѓаните треба добро да ги следат јавните анкети за Деталните урбанистички планови,“ велат луѓе од урбанистичката фела,
Мафијата го намалува квалитетот на градбата Упатените во градежништевото велат дека работите споредено со минатите години се промениле, па во последно време можностите за криминал во градежништвото се намалени. Учесниците во урбаната мафија обично се луѓе кои во градежниот бизнис влегуваат еднократно или двократно, а работата ја сметаат за трговска зделка од која може лесно да се збогатат, коменитраат урбанистите.
„Свеста кај нив е на пониско ниво, не им е важно каков ќе биде кавалитетот на градбата и каков квалитет на домување ќе му приредат на граѓанинот, туку  нив им е важно како еднократно да имаат заработка. Тоа е опасноста, а тоа не може да се заштитиме оти секој може каде сака да го вложи својот капитал.Тука не е виновен само тој што бара, туку и тој што дава, е сега тој што дава се повеќе субјекти, а тој што бара е еден, тука е планерот урбанист оперативниот урбаниста и крајно општинскиот совет. Проблем кај нас е што се ставаат советници кои многу малку ја разбираат оваа проблематика и областа за која се повикуваат да гласаат. Не може да нема советник стручен за урбанизам,  правни работи, транспорт, комуналии, тие мора да бидат стручни, бидејќи сето тоа го злоупотребуваат инвеститорите.  Нашите советници не се доволно остручени и запознанени за проблематиката за која што гласаат, и затоа некои се осудуваат да злоупотребат, ако има стручни советници кои ќе знаат како да ја прочитаат намената нема да дозволат да помине планот. А, мафија не е еден човек, туку повеќе луѓе, објаснуваат урбанистите.
За бизнис интереси плановите се менуваат преку ноќ и по неколку пати Извори за Фактор од градежниот сектор велат дека урбаната мафија има сила бидејќи е поврзана со секоја политичка гарнитура што е на власт, па така како што објаснуваат урбанистите некои работи им поминуваат низ прсти, а ДУП-вите се менуваат и по неколку пати, некогаш и преку ноќ, притоа гледајќи само од аспектот на личните бизнис интереси, а не на потребите на граѓаните. Ј.С.
Слично

Поврзани вести