Што е крива публиката за притворот на Владо Јованоски?
Како на социјалните мрежи така и во медиумите непотребно се политизира одредениот притвор за контроверзниот актер Владо Јовановски кој на сопствена одговорност и се надеваме и искрено веруваме по сопствен избор и волја беше дел од протестите кои кулуминираа со упад во Собранието на Република Македонија. Тој ниту засега е осуден, ниту е во затовр, туку против него како и против 35 луѓе е поведена истрага за насилствата на 27 април со упадот во Собранието и му е одредена мерка притвор од 30 дена.
За покажување солидарност вчера актерите од претставата „Ничија земја“ која се игра во МНТ не беше одржана и актерите пред самиот почеток им кажале на посетителите кои платиле карта дека од солидарност кон Јовановски нема да глумат. Можеби на социјалните мрежи има секакви препукувања, закани, обвинувања, но публиката која оди во театар не е виновна апсолутно за ништо, уште помалку што уредно си платила билет за барем колку толку да избега од исполитизираната реалност и да ужива во културен настан.
Директорот на МНТ по ваквиот гест на социјалните мрежи истакна дека актерите за овој недозволив потег ќе бидат казнети бидејќи ја изневериле публиката.

„Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ. Покрај мојата сугестија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата “Ничија земја”, како подршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27-ми април во Собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија. Театарот постои за публиката и така ќе остане. Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика„ напиша директорот Спасов во својата реакција.
Јовановски како и сите останати осомничени е во еднаква положба пред законот и тој како и останатите без оглед на видот на нивната професија, семеен статус или боја на очи исти така имаат еднаква одговорност. Секако, обвинителството и институциите треба да имаат почит кон законите и да водат правична постапка, но тоа што во овој случај осомничен е актер не треба да му даде никаква дополнителна предност, ослободување од вина, вршење притисок во јавноста, ниту пак амнестирање од било каква одговорност.