Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што договорија жителите на Слупчане и ЕВН?

Што договорија жителите на Слупчане и ЕВН?

Жителите на липковското село Слупчане не попуштаат во преговорите со ЕВН за струјата. 

Претставници на ЕВН денеска се сретнаа и преговараа со жители на селото. За утре е закажана нова средба. И од компанијата и претставниците на жителите оценија дека состанокот поминал во позитивна атмосфера кој ќе придонесе целосно да се реши проблемот со електричната енергија во ова село.

Зекирија Шаини, советник во општина Липково, изјави дека состанокот поминал во позитивна атмосфера и дека останува да се договорат техничките детали.

Жителите имаат повеќе барања, а едно од нив е да не плаќаат високи сметки за струја. Тие бараа простување на старите долгови, како и џамијата да не плаќа струја. Претходно, не дозволуваа екипи на ЕВН да влезат во селото и да работат на санирање на дефект. 

фото: МИА

Слично

Поврзани вести