Што би значелa победата на Трамп за американската берза?
Ако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД во ноември, американските акции ќе поевтинат за околу 8%, елиминирајќи го растот од почетокот на годината.
Тоа го прогнозираат од аналитичарската фирма „Macroeconomic Advisers“ кои предупредуваат дека победа за бизнисменот ќе значи драматично намалување на цената на хартиите од вредност.
Падот ќе биде поткрепен со стравувањата поврзани со радикалните идеи на Трамп, особено оние спрема Мексико и Кина, кои се два од најголемите партнери на САД во трговијата, пишува CNN Money.
„Постои голема неизвесност околу евентуалното претседателство на Трамп“, прокоментира директорот на фирмата Џоел Пракен.
- Постојат голем број работи за кои треба да сме загрижени, смета тој.
Од почетокот на годината главниот индекс на американската берза S & P 500 е зголемена за 6 отсто.
„Пазарите ја мразат несигурноста. А кај идеите на Трамп недостасуваат доволно детали“, вели експертот.
Во меѓувреме ако Хилари Клинтон победи во битката за претседателската функција, од „Macroeconomic Advisers“ очекуваат акциите да поскапат со 2 отсто.
