Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што би можеле да работите од дома?

Што би можеле да работите од дома?

Денес можете да седнете пред компјутер и да работите од дома како хонорарци.

Ова се најдобрите работи кои можете да ги работите од дома:

1. Преведувач

Со над 180.000 писатели и преведувачи на интернет порталите, денес оваа професија може да ви донесе пари, доколку успеете да најдете добри вработувачи. Најчесто се бараат преводи од кинески, шпански, француски, германски и англиски јазик.

2. Лектор

Уредувањето на веб-страници и е-книги зема замав. Постојат илјадници хонорарни лектори во светот, а сé што ви е потребно е да имате добри граматички вештини.

3. Веб дизајнер

Веб дизајн е моментално најпопуларната професија на интернет, затоа што скоро сите луѓе кои работат со интернет имаат потреба од нив. Од мали онлајн продавници, веб-сајтови, блогови,  до големи компании.

4. Наставник

Можете да ги учите децата на различни предмети онлајн, од јазик до математика. Потребна ви е само добра интернет конекција, веб камера и некој вид на сертификат кој докажува дека сте квалификувани да ги едуцирате.

5. Изработка на накит

Во вашиот дом можете да изработувате накит и да го продавате преку интернет.

Слично

Поврзани вести