Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што беше најчитано на ФАКТОР во 2019-та?

Што беше најчитано на ФАКТОР во 2019-та?

Фактор акцентот го става на економијата, но место секогаш имаа и вестите од политиката, светот , интересни содржини .

Пред самиот крај на 2019-та, се потсетуваме кои теми и содржини им го задржаа најмногу вниманието на читателите ...

ИНТЕРВЈУ ЈАНЧЕВ: Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја смени реториката и политиката, остава простор да се формира нова партија

Важи за еден од поуспешните градоначалници во земјава, но вниманието во јавноста го привлече и со својот јасен политички став. Иако на позицијата прв татко на Кавадарци дојде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, му се спротивстави на лидерот Христијан Мицкоски за референдумот, тврдеше дека партијата треба да излезе и да гласа против. Затоа беше разрешен од функцијата потпретседател, а доби и смртни закани. Во ексклузивно интервју за Фактор, градоначалникот Митко Јанчев вели дека не сака да го погази или да го збуни членството, но смета дека ако партијата не се вразуми и не ја смени политиката и реториката, се остава простор да се формира нова партија, во која и тој би учествувал.

*

Кавадарчани прават вино, серенади, но и многу пари: Кои се кавадаречките милионери?


Кавадарчани се велемајстори за серенади и за правење вино и ракија. Но многу ги бива и за правење пари и тоа големи пари. Кавадарци има седуммина величествени – компании кои лани имале приходи кои надминуваат 340 милиони евра.

*

(ГАЛЕРИЈА) Пратениците му честитаа на Заев, честитки и од Хан и Могерини

Премиерот Зоран Заев доби честитки од министрите и од пратениците откако попладнево со 81 глас се изгласаа уставните измени со цел промена на името на државата. 

*

Газдите текстилци бараат подолго работно време: Работниците ги плаќаме за осум часа, а работат седум ипол

Текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена, бараат сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер. 

*

Се вратиле од Италија и во Блатец произведуваат италијански деликатеси*

Македонија од секогаш, за жал и денес, како и други балкански држави е симбол на печалба, на луѓе кој што својата иднина сакаат да ја живеат во странство. Секој регион во Македонија веќе стандардно се знае каде се иселува – југот ја сака Австралија, западниот дел ја сака Швајцарија и Германија, а источниот дел најмногу ја сака Италија.

*

Кој прави милиони евра во „Градот под Исарот“?

Колкав бизнис потенцијал има Штип доволно говори фактот што во овој град лани осум компании имаат приходи поголеми од 10 милиони евра, а најголемата компанија е домашно поседувана, а не како што најчесто е случај најголемата фирма да биде една од странските гринфилд инвестиции Кумулативно осумте најголеми компании во Штип лани имаат комулативно приход од 190 милиони евра!

Што им подари Свето „Пивара“ на своите три деца?

Светозар Јаневски на своите три деца од двата брака: Јане Јаневски, (актулен член на Управниот одбор на „Аутомакедонија“), Драгана Јаневска и Кирило Јаневски им подари по 5.596 акции со право на глас во „Аутомакедонија“. Со тоа Светозар Јаневски повеќе не е акционер во таа компанија. Книговодствено подарокот за секој од тројцата наследници вреди по 360.000 евра

*

Ване Цветанов: Почина уште еден неправедно осуден во „Змиско око“

Ване Цветанов, поранешениот директор на Агенцијата за спречување на перење пари и актуелен водач на здружението „Зелена лупа“ објави дека починал уште еден обвинет во аферата „Змиско око“ кој не го дочекал неговото повторно судење. Тој додава дека ова е четврт смртен случај меѓу десетиците своевремено обвинети во фамозниот случај со апсењето за наводна мито и корупција при наплата на патарините.

*

ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР МИЛЧИН: Едноумието падна, безумието ни тропа на порти

Дијалогот деновиве се сведе на клетви и пцости... насилството врз неистомислениците почнува со закани, но завршува со физички напади, подметнати пожари. Фашизмот е на прагот - вели режисерот Владимир Милчин.

Во времето на груевизмот, како прв човек на Фондацијата отворено општество, во процесот на лустрација беше оквалификуван како „кодош“, а неговите претстави - „непријателски“. Денес, кога едноумието падна, како што вели самиот, раката на власта уште повеќе се издолжи продолжувајќи со насилството и закани врз неистомислениците.  Од режисерски аспект вели дека Македонија денес ја гледа некаде помеѓу жанрот гротеска и вeвчански карневал.

*

Пратеникот Зекири се ожени со долгогодишната љубов, Кум беше премиерот Заев

Пратеникот Мухамед Зекири се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска. Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжила свадбената веселба. 

*

Проверка на знаењето од германски јазик и старосна граница се воведува од 1 март за жителите од Западен Балкан кои сакаат да заминат во Германија. 

Слично

Поврзани вести