Што бара Радев од Македонија?
Бугарија има услови за Македонија доколку земјава сака да продолжи по европскиот пат. Претседателот на Бугарија, Румен Радев, како што објави агенцијата БТА, изјавил дека има „цел список на формални услови што треба да се исполнат“.
Сепак, според него најголемата цел е младите во двете земји да не се мразат кога ќе се отворат границите едни кон други, да уживаат почит и разбирање.
„Наместо да плаќате мерки едноставно за одржување на туризмот во живот, нека државата им даде пари на оние хотели кои ќе ја покриваат целосната поддршка на децата, студенти од Бугарија и Република Северна Македонија“, вели Радев.
Радев изјави тоа е патот кон одржлива и стабилна иднина, вистинско пријателство и почит.
Македонските власти не губат надеж. Македонскиот премиер, Зоран Заев смета дека е можно на 23 месецов да се случи меѓувладина конференција. Тој и претходно замоли Софија да помогне Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.
Радев е поумерен во настапите кон Македонија во однос на другите бугарски политичари. Тој неодамна во Рим се сретна со македонскиот колега Стево Пендаровски. Македонскиот претседател рече дека Радев се обидува да ја „спушти топката“.
