Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО БАРА МАГАРЕТО ПРЕД ВЛАДАТА - се шегува ли некој со проектите на Агенцијата за образовни програми

ШТО БАРА МАГАРЕТО ПРЕД ВЛАДАТА - се шегува ли некој со проектите на Агенцијата за образовни програми

Случајност или (не)солена шега околу доделувањето на грантовите од Агенцијата за европски образовни програми и мобилност. 

Денеска се појави видео на кое се гледа како пред објектот на македонската Влада на улицата Илинденска во Скопје едно магаре е врзано на еден од сообраќајните знаци.

Како што е познато, мидиумите открија дека во финансирањето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Лидија Димова има проекти и за тренинг на магариња.

Кусото видео од врзаното магаре објави профилот на Твитер под псевдоним Модести блејз.

Не е познато кога е направена снимката со врзаното магаре.

Инаку, и од Владата побараа одговорност од Димова за финансирањето на проектите, но таа рече дека нема да поднесе оставка и дека работела законски.

Вицепремиерот Љупчо Николовски најави дека е можно нејзино разрешување.

Слично

Поврзани вести