Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што бара Ковачев за македонските Бугари?

Што бара Ковачев за македонските Бугари?

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев бара македонскиот државен врв да ги прими Бугарите од земјава на средба. 

Ковачев денеска во Европскиот парламент се сретна со претставници на здруженијата Бугарите во Македонија. Вели дека македонските Бугари се залагаат за што поскоро членство на Македонија во ЕУ. Според Ковачев, тоа е во интерес на Македонија, Бугарија и Европа. 

„Со војната во Украина и пропагандната војна во Бугарија и во земјите од Западен Балкан, тоа е исклучително важно, мора да се поддржат проевропските сили“, изјавил Ковачев, пренесува БНР.

Ковачев порача дека македонскиот претседател Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи, Oливер Спасовски треба да ги примат македонските Бугари. Според него, тие лично треба да ги пренесат проблемите кои ги имаат. 

Во меѓувреме, со онлајн петиција, Бугарите бараат да им се одземат бугарските пасоши на оние Македонци кои шират омраза кон Бугарија.

Слично

Поврзани вести