Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО АКО СЕ НАЈДЕТЕ ВО ПОЖАР КАКО ШТО Е ТОЈ ВО ЧАИР? Беќаровски со образложение како се затруле лицата што добија лекарска помош

ШТО АКО СЕ НАЈДЕТЕ ВО ПОЖАР КАКО ШТО Е ТОЈ ВО ЧАИР? Беќаровски со образложение како се затруле лицата што добија лекарска помош

Специјалното противпожарно возило на Армијата синоќа излезе на терен и се вклучи во гаснењето на пожарот што избувна вчера вечерта во подрумски простории во зграда на улицата Серава во скопски Чаир. 

Претходно, ЦУК информираше дека гаснењето на пожарот се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали.

Во гаснењето на пожарот вклучени се и поголем број прожарникари и противпожарно возила. 

Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи. 

Вкупно 43 лица беа хоспитализирани од кои на Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, а пет од нив се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.

Пожарот избувнал ноќеска во подрумски простории во зграда на улицата „Серава“, а во СВР Скопје е пријавен во 01:55 часот. 

Со оглед на тоа што станува збор за 43 хоспитализирани лица кои вдишале чад, д-р Нико Беќаровски даде сеопфатно образложение за причините поради кои дошло до труењето.

„Вдишување на цијаниди

При пожари во затворени простории, кога температурата ќе достигне 315°С а има присуство на различни пластични материи како полиуретан, винил, акрил, најлон свила, волна се создаваат многу токсични и смртоносни ЦИЈАНИДИ (CN-) во чадот.

Луѓето кои имаат саѓи во устата или носот, разни степени на пореметувања на свеста, хипотензија и лабораториски детектирана концентрација на цијаниди >40mmol/l имаат акутно труење со цијаниди.

СЕКАКО АКО МОЖЕ ДА СЕ ОДРЕДИ.

Кај овие изложени лица покрај високите концентрации на кислород неопходно е да се даде ПРОТИВОТРОВ коктел од натриум нитрит и натриум тиосулфат.

СЕКАКО АКО ВОПШТО ГИ ИМА.

Во нормалните држави постои и таканаречен (Cyanokit) интравенски раствор од hydroxocobalamin. Во нормалните држави СЕКОГАШ ГО ИМА.

Доаѓа период во кој пожарите во затворени простории ќе стануваат се почести.

Македонските граѓани оддамна се хронично отруени со Р.М. честички и разни други гасови, па можеби дел од нив ќе успеат да ги преживеат и акутните труењата со цијаниди при следните пожари.

При пожари во затворен простор ставете барем крпа, шал, маица преку Вашиот нос и уста, за да ја намалите концентрацијата на вдишани цијаниди..“ напиша тој на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести