Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО АКО НЕ ЗАПАЛАТ... НЕ СЕ ПОЗДРАВИВ... - потресна исповед на новинарката Делевска за настаните од 27 април

ШТО АКО НЕ ЗАПАЛАТ... НЕ СЕ ПОЗДРАВИВ... - потресна исповед на новинарката Делевска за настаните од 27 април

Новинарклата Соња Делевска од порталот Сакамдакажам.мк, денеска преку својот фејсбук профил сподели потресно сведочење за настаните на 27 април пред четири години. 

„На утрешен датум пред четири години години се случи такво страшно насилство во затворен простор, кое траеше повеќе од два часа, по кое сите кои бевме затекнати во Собранието, нема никогаш повеќе да бидеме исти.

Чувството за време беше изгубено уште кога во прес салата се дуеше вратата од толпа која викаше како племе човекојадци, дојдено за крв. Ќешки веднаш да ја пробиеја вратата, таа психоза траеше вечно и остави мислам најдлабоки траги од се што се случи таа вечер!

Со молење успеав да се измолкнам. Веќе почнаа да летаат сталаци, столици, боксови, даски..

Клечење по ќошеви во темни простории, до бесконечност. Каде е полицијата? Каде е полицијата? Каде е полицијата? По кого се дојдени? Кого ќе го убијат? А што ако не' запалат, угушат додека се криеме? Како да кажам дома...? Не се поздравив... Страв ми е. Ми се пие вода. Ми се оди во тоалет. Да излезам ли? Не, може ќе бидам мета. Се слушаат чекори пред врата. Некој вика Шшшшшт, потивко, не зборете! Се слушаат чекори под прозорецот на првиот кат. Гасете мобилните, ќе не' откријат! Каде е полицијата? Каде е полицијата да не' спаси? Нема полиција!

Изгубивме тло под нозете. Она кога сфаќаш дека се' било заблуда, дека немаш чувар, немаш држава. Тлото мора да се врати и никогаш повеќе 27 април 17'та да не се повтори!“, пишува новинарката на својот фејсбук профил.

Како што е познато, вчера се одржа протест за ослободување и одново судење на како што ги нарекуваат, уставобранителите, кои упаднаа во Собранието на 24 април 2017 година. Поддршка на протестот даде и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а на протестот присуствуваше и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Целиот пост на новинарката делевска е подолу. 


Слично

Поврзани вести