Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипскиот градоначалник ги посети најстарите браќа во Македонија - имаат над 200 години заедно

Штипскиот градоначалник ги посети најстарите браќа во Македонија - имаат над 200 години заедно

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов на првиот ден од Новата година ги посети најстарите браќа во Македонија -  Симо и Ристо Наскови. Тие се од Караорман и годинава ќе наполнат 103 и 100 години. 

Круме Насков, вели дека 103-годишниот Симо, се занимавал до лани со градинарство.

- До 102 години активно работеше во бавчата и оваа година имаше негови производи, што ги имаше посадено. Сакал да посади некое семе во оранжериите, но паднал и залегна. Една година како лежи во кревет. Нозете не му се добри, инаку здравствено е добар, вели Насков.

Ристо Насков во февруари ќе наполни 100 години и тој се уште се занимава со градинарство.

-Работи во оранжерии, продава пиперки и патлиџани. Ракија си пие по една чашка, приквечер и сабајле. Телевизија гледа многу, следи вести, со мозокот е здрав, работи со телефон, се слуша со ќерките, знае сам да ѕвони, знае се, вели Димче Насков, синот на Ристо.

Двајцата браќа за Нова Година единствено посакаа просперитет за Македонија.



Слично

Поврзани вести