Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипската општина продава 13 градежни парцели

Штипската општина продава 13 градежни парцели

Оглас за продажба на 13 градежни парцели за изградба на производствени капацитети и за индивидуални куќи, денеска распиша општина Штип.

 Четири од парцелите се за производствени капацитети, а останатите девет за индивидуални куќи.

- Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија предвидено со детален урбанистички план на град Штип во населба „Баби 5“ во работна зона со намена за стопанско-производствени објекти , потоа во населба „Баби 6 -2003“ и населба „Дузлак“ за индивидуално домување. Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели кои се за стопански објекти е 463 денари од метар квадратен а за домување е 61,00 денар од метар квадратен, вели  портпарол на општина Штип Драган Ристов.

Граѓаните кои се заинтересирани за учество во јавното надавање можат да аплицираат до 15-ти ноември, а елекстронската лицитација за градежните парцели ќе се одржи на 19-ти ноември.

Слично

Поврзани вести