Штипската модуларна ковид болница повторно ќе се отвора
Модуларната болница во Штип која по ковид кризата остана празна и заклучена, наскоро ќе започне повторно да работи како амбуланта за специјалистички прегледи преку „Мој термин“.
Во завршна фаза е уредувањето и таму ќе се сместат амбулантите за специјалистички прегледи преку „Мој термин“ на Клиничка болница-Штип.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека за Новогодишните празници се очекува дел од амбулантите да бидат префрлени во модуларната болница, со што пациентите ќе може навремено да ги завршуваат своите потреби. Се работи и на уредување на паркинг простотор пред самата модуларна болница.
-Планираме за Новогодишните празници дел од амбулантите полека да ги преселиме, со цел пациентите да не трпат. За почеток ќе има хирургија, ортопедија, ОРЛ, психијатрија, неврологија. Во преговори сме и останатиот дел од специјалистичките амбуланти целосно ги префрлиме. Целта ни е со едно одење пациентот да може со едно одење да заврши повеќе прегледи кај специјалисти, вели Захариев.
Тој додава и дека ќе се уредуваат и влезовите до модуларната болница, која е сместена над новиот објект на Клиничка болница. Во меѓувреме се уредува и паркинг простор, со цел да се растерети паркингот кај главниот влез на болницата.
