Штипската фирма Оаза е концесионер на бањата Кежовица
Владата на својата последна седмица одлучи концесијата на изворите на бањата Кежовица да ја додели на штипската фирма Оаза, пренесе радиото Канал 77. Оаза исто така беше единствената фирма која што се пријави на меѓународниот јавен повик.
Давањето под концесија на бањата Кежовица треба да значи и заживување на овој простор, што досега се кочеше поради нерешената сопственост на изворите, велат од локалната самоуправа.
Согласно договореното, Ј.П Исар ќе продолжи да добива вода за Градската бања, а исто така и Физикалната терапија што беше еден од условите за добивање на концесијата за термоминералните води.
Штипската фирма Оаза купи и градежно земјиште за изградба на хотел на локација во близина на бањата Кежовица, пренесува Канал 77.
Слично
