Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипска фабричка мезна со клуч на врата откако работници завршиле во болница по труење

Штипска фабричка мезна со клуч на врата откако работници завршиле во болница по труење

Фабричка менза во Штип вчера беше затворена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат поради регистрирано труење кај 23 работници кои завршиле во штипската болница.

Кај вработените по ручекот се јавиле мачнини и тегоби, па по лекарскиот преглед биле пуштен на домашно лекување, освен едно лице кое е задржано за понатамошна опсервација.

Медиумите пренесоа дека се затворени две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната која се носела во канистри, додека Државниот санитарен и здравствен инспекторат зел брисеви и мустри од храната и од сите површини во трпезариите и мензата.

По завршување на сите испитување надлежните ќе ја кажат причината за труењето на работниците.

Слично

Поврзани вести