Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипјанка наседнала на измама со брзи кредити, враќала пари мислејќи дека не се нејзини

Штипјанка наседнала на измама со брзи кредити, враќала пари мислејќи дека не се нејзини

МВР објави дека 40-годишна штипјанка, чии лични податоци биле злоупотребени за аплицирање за брз кредит, му враќала пари на измамникот мислејќи дека не се нејзини и дека по грешка и биле испратени како одвишок на сметката.

„На 06.06.2025 во 12.00 часот во СВР Штип, 40 – годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 95.000 денари. Според пријавеното, таа стапила во контакт со лицето на социјална мрежа на почетокот на мај 2025 година и притоа се договориле да работи онлајн за странска компанија. Како што е пријавено, таа на лицето му испратила фотографии од нејзината лична карта, здравствена легитимација и од нејзината банкарска картичка, по што во наредниот период во неколку наврати во нејзино име било аплицирано за брзи кредити во финансиски друштва, а за пристигнатите пари на нејзина сметка ѝ било кажувано дека по грешка се пуштени и на негово барање ги вадела парите и ги враќала“, објави МВР.

Според пријавеното, откако на 04.06.2025 добила телефонски повик од финансиско друштво дека има доспеана рата за кредит, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести