Штипјани останале покуси за скоро 800.000 денари откако ги измамил лажен лекар
Лажен лекар од Кочани им ветувал на штипјани дека ќе ги излекува, а тие плаќале со пари, злато и мобилни телефони.
Двајца штипјани се измамени и случајот го пријавиле во полиција. Маж на возраст од 42 години од Кочани ги довел во заблуда дека лекува болести. Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари. Полицијата против него поднесе кривична пријава.
Слично
