Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипјани немаат мака, си имаат леб за цена од 30 до 33 денари

Штипјани немаат мака, си имаат леб за цена од 30 до 33 денари

Додека во повеќе градови има празни рафтови и нема бел леб, штипјани си имаат леб за цена од 30 до 33 денари. 

Втор ден по ред во овој град нема проблеми со снабдувањето со леб. Цената зависи од грамажата и типот на леб.

Николче Малинов, кој е сопственик на пекара, во изјава за МИА вели дека пекарите кои вчера ја намалија цената на лебот и до пет денари,работат на работ на рентабилноста, но дека се одлучиле на овој потег затоа што мерката ја донесе Владата. Тој вели дека во услови на криза треба да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Засега, како што кажа немаат проблеми со исплатата на платите на вработените и со процесот на производство.

„Ние сме да речам на границата на исплатливоста. Пресметките ќе ги дознаеме по еден месец, кога ќе ни дојдат сметките за струја и другите сметки“, вели Малинов.

Во градот се продаваат од 10.000 до 15.000 парчиња леб. 

Државниот пазарен инспекторат вчера и денес изврши надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на држава. Од контролите е утврдено дека генерално се доставува леб кој е опфатен со Одлуката, а се почитува и замрзнатата цена од 33 денари, односно цената утврдена во согласност со грамажата за помалку од 450 грама. Цената на лебот во зависнот од грамажата и во зависност од различни градови каде се продава изнесува од 25 до 33 денари, стои во соопштението од ДПИ.

Пекарите претходно се заканија дека нема да произведуваат леб по таа цена, затоа што не им се исплати. Замрзнатата цена од 33 денари е за период до крајот на мај. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести