Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТИПЈАНИ НАПРАВИЈА „ЅВЕЗДЕНО НЕБО“: Им оддадоа почит на загинатите во „Пулс“

ШТИПЈАНИ НАПРАВИЈА „ЅВЕЗДЕНО НЕБО“: Им оддадоа почит на загинатите во „Пулс“

Штипјани вечерва на градскиот плоштад „Слобода“ им оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, лани на 16 март. Mеѓу жртвите беа и пет штипјани.

Комеморативната програма почна со поставување камен-темелник за спомен-обележје кај малата фонтана, а продолжи со палење свеќи и со симболично „ѕвездено небо“, кога присутните ги вклучија светилките од мобилните телефони.

Имињата на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов, ќе бидат изгравирани на спомен-обележјето.

Во пожарот загинаа 63 луѓе, а повредени беа скоро 200. Пожар изби на концертот на ДНК. Меѓу жртвите се и музичарите од бендот. 

Слично

Поврзани вести