Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипјани ќе добијат пет спортски игралишта

Штипјани ќе добијат пет спортски игралишта

Пет нови спортски игралишта се градат во неколку штипски населби. Според надлежните, во Дузлак, Автокоманда, Жележничка и кај Автомото друштвото ќе бидат направени спортски терени, од кои три со мултифункционална намена.

„Гледаме дека игралиштата се изградени за скоро месец и половина, но овие игралишта нема да ги пуштиме се додека комплетно не се уредат, по теркот како што тоа се прави во западно европските земји, да не оставиме земја и шут, туку напротив да го уредиме со клупи и холтикултурно“,изјави денеска градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев

Истовремено е најавено дека ќе се уредува фудбалското изгралиште во населбата Леваци, а во Ново село треба да почне изградба на мултифукционално спортско игралиште.

Слично

Поврзани вести