Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипјанецот отишол на бербер, доби масимална казна од 5.000 евра

Штипјанецот отишол на бербер, доби масимална казна од 5.000 евра

Штипјанец за непочитување на мерките за задолжителна самоизолација, доби максимална казна од Јавното обвинителство - 5.000 евра. Станува збор за 32-годишниот штипјанец кој не бил пронајден дома од страна на епидемиолозите, а на еден ден пред да му истече мерката решил да отиде на бербер.

– Обвинетиот 32-годишник не постапил според решението со кое му била определена задолжителна домашна изолација до 26 март, па на 25 март го напуштил својот дом и отишол во берберски салон. Со ова тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, соопшти Основното јавно обвинтелство во Штип.

Станува збор за 100 дневни глоби, но секоја од нив чини 50 евра, така што ова е најголемата казна до сега изречена за лице кое не ги почитува мерките за карантин.


Слично

Поврзани вести