Штипјанец украл возило и куче, направил сообраќајка, нападнал полицаец и кршел банкомат
Четирисет и шест годишен штипјанец е приведен во неделата по повеќе инциденти кои ги направил. Лишен е од слобода Б.Х.Ј. (46) од Штип, по низа инциденти што се случиле во градот.
Според информациите од полицијата, околу 08:00 часот, пред влез на средно училиште во Штип, лицето од М.А. одзел службено возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, претставувајќи се лажно како полициски службеник и извршувајќи лажен претрес на возилото. Потоа се упатил кон населбата Ново Село.
За време на бегството, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода удривајќи во паркирано возило на ул. „Маршал Тито“, а потоа продолжил кон центарот на градот. Околу 08:45 часот на ул. „Сутјеска“ насилно одзел куче од жена која се движела со својот домашен миленик.
Од полицијата информираат дека Б.Х.Ј. во текот на ноќта бил пријавен и во уште два настани – поради расправија со упатување навреди и за оштетување на банкомат на ул. „Сутјеска“.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
