Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штипјанец со шипка ја тепал мајката на сопругата

Штипјанец со шипка ја тепал мајката на сопругата

Штипјанец ја претепал мајката на својата сопруга, откако претходно се заканувал дека ќе го убие нејзиниот брат. 

Се работи за Б.Ш.(41), против кого е поднесена кривична пријава за насилство.

Б.Ш. завчера околу 23 часот телефонски му упатил сериозни закани по животот на Ј.Д., брат на неговата сопруга. Осомничениот потоа на улицата Васил Доганџиски во Штип ја пресретнал С.Д., мајка на неговата сопруга. Тој бил подготвен за насилството, па со метална шипка почнал да ја удира жената по телото и главата и да ја боде со остар предмет.

Жената е пренесена во Клиничката болница во Штип, а Б.Ш. е уапсен. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Слично

Поврзани вести