ШТИПЈАНЕЦ КАЗНЕТ ЗА ВОЗЕЊЕ СО 105 КМ НА ЧАС ВО ГРАДОТ - го сними мобилната единица на МВР со возило пресретнувач
Штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место е санкциониран, објави Министерството за внатрешни работи.
- Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев" во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,голф" со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција - појаснуваат од МВР.
Потоа додаваат дека сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата.
- Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта - нагласуваат од МВР во објавата.
Слично
