Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штип објави трет бран на коронавирусот

Штип објави трет бран на коронавирусот

Општина Штип објави трет бран на коронавирусот. 

Градоначалникот Благој Бочварски денеска алармираше за зголемениот број на новозаразени овој период. 

На Инфективното одделение има 50 заразени, а во самоизолација се близу 600 штипјани. 

Бочварски вели дека вирусот не е раширен само во текстилните фабрики туку и во други сектори. 

„Иако Општина Штип не носи одлука за карантин или полициски час, сакам да го искажам мојот став дека сум оптимист и верувам дека ќе успееме да го пребродиме овој бран, без притоа да се случи делумно или целосно затворање на градот. Затоа ние мораме да направиме се и да не дозволиме да продолжи растот на новозаразени, а со тоа да се преполнат капацитетите на болниците и повторно да се вратиме на поголеми ограничувања во функционирањето“, вели  Бочварски. 

Тој најави засилени контроли наредниот период од сите надлежни институции и повика граѓаните да ги почитуваат мерките.

За 24 часа во Штип има нови 19 заразени со коронавирусот, објави Министерството за здравство. 

Слично

Поврзани вести