ШТИП: Неидентификуван човечки труп e пронајден при градежни активности
Неидентификуван човечки труп e пронајден при градежни активности во Штип.
Во раните утрински часови пронајден е труп на местото каде се гради Мега паркот иднина во Штип. Засега не може да се утврди дали сe работи за машки или женски труп.
Трупот е откриен при активности на градежните машини на фирмата која е анагажирана за изградба на Мега паркот, кој треба да се простира покрај пешачката и велосипедската патека крај реката Брегалница.
Полицијата и јавен обвинител вршат увид.
Од СВР Штип за МИА најавија дека повеќе детали и информации ќе соопштат во текот на денешниот ден.
Слично
