Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штип ќе поставува 190 камери на јавни површини

Штип ќе поставува 190 камери на јавни површини

Општина Штип ќе воведе нови безбедносни мерки во училиштата и на јавните површини, откако непознато лице го искрши и поплави ООУ „Ванчо Прќе“,

Во наредниот период низ Штип ќе бидат поставени уште 190 камери на јавни површини и околу институциите, со цел да се намали оштетувањето на урбаната опрема, парковите и детските реквизити.

-Камерите ќе бидат поставени на повеќе локации низ градот и ќе им помогнат на надлежните служби, на МВР, побрзо да гo идентификуваат сторителот на ваквото дело и да се санкционира, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Покрај засилените контроли и техничката опрема, Општина Штип ќе организира и едукативни активности со ученици, родители и наставници. Во работилниците ќе се вклучат психолози и педагози, кои ќе разговараат за последиците од девијантното однесување и неговото влијание врз младите.


Слично

Поврзани вести