Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
Општина Штип ќе додели финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања за Нова година, објави градоначалникот Иван Јорданов./
Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
- Главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон поддршка на најранливите категории граѓани, информираше градоначалникот.
Слично
