Штип идната година ќе гради два нови патни правци
Агенцијата за рурален развој и додели на општина Штип проект за изградба на пат до селата Горачино и Танатарци. Според градоначалникот на Штип, Илчо Захариев изградбата на овој пат е од големо значење за жителите на двете села, кои благодарение на средствата на Владата до нивните домови ќе добијат асфалтиран пат.
- Патот е во должина од околу 3 километри, а изградбата ќе чини околу 20 милиони денари. Изградбата на овој пат ќе значи заживување на овој живописен крај, но и враќање на оние жители кои се иселиле во Штип, но и во соседните општини Радовиш и Неготино, вели Захариев.
Захариев очекува во 2014 година да стартува изградбата на патот до овие две штипски села.
Општина Штип за првпат добива средства од Агенцијата за рурален развој за реализација на проект, а според Захариев општинската администрација веќе изготвува нови проекти со кои подготвено ќе конкурира за наредните повици.
Слично
