Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штип е втор град по бројот на активни случаи

Штип е втор град по бројот на активни случаи

Веднаш зад главниот град, Штип има најмногу активни случаи на коронавирусот. 

Штип е вториот град со најмногу инфицирани од Ковид-19 по Скопје каде во моментов има 1.426 активни случаи.

Зад нив се Гостивар и Куманово со 269, односно 263 заразени. Потоа следуваат Тетово (225), Свети Николе (175) и Струга (195).

Во Штип вчера се регистрирани 16 нови случаи на коронавирус. 

Вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата е 10.891, бројката на оздравени пациенти е 6.698, на починати е 493. 

Се стравува дека Охрид ќе биде „темпирана“ бомба поради продолжениот викенд, и метежот кој таму се создаде. 

Имаше реакции дека мерките за заштита не се почитуваат. 

Слично

Поврзани вести