Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТЕТАТА Е ГОЛЕМА, НО НЕМА ЖРТВИ ИЛИ ЗАГРОЗЕНИ - голем пожар во фабрика за млеко во Камењане

ШТЕТАТА Е ГОЛЕМА, НО НЕМА ЖРТВИ ИЛИ ЗАГРОЗЕНИ - голем пожар во фабрика за млеко во Камењане

Голем пожар попладнево избувна во фабрика за преработка на млеко во тетовското село Камењане во Општина Боговиње. Се работи за компанијата „Хит 73“ во која се преработува млеко и се произведуваат млечни производи.

Бројни противпожарни екипи се обидуваат да го изгаснат огнот кој брзо се проширил речиси на целата фабрика. Официјално сѐ уште не се познати причините за пожарот.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека пожарот е толку голем што на тетовските пожарникари на помош им доаѓаат противпожарни екипи од Скопје, Гостивар и Кавадарци.

Командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети за „360 степени“ вели дека пожарот е локализиран и очекува целосно да биде изгаснат за неколку часа.

„Во моментов го локализиравме пожарот, отсековме еден дел од фабриката, сега гори долниот дел од фабриката, поголемиот дел е изгаснат. Спасувавме со багери и слична механизација. Дојдоа пожарникари од други градови, помагаа и локани фирми со цистерни и механизација. Мислам дека целосно ќе биде ликвидиран за неколку часа. Не можам да ви кажам од што избувнал. Штетата е голема, фабриката е со полн капацитет. Фала му на Бога што нема жртви или загрозени“, изјави Амети за „360 степени“.

Слично

Поврзани вести