ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штекли заврши во болница, наместо на судење

Штекли заврши во болница, наместо на судење

Раде Трајковски-Штекли наместо на почеток на судењето, денес завршил во болница. Ова го соопшти судијата Илија Трпоков.

Денес требаше да започне судскиот процес за уште девет обвинети за трговија со дрога и неизвесно е дали ќе се одржи.

Судоит добил известување од затворот „Скопје” дека Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврологија поради здравствени проблеми.

Таму пишувало дека Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што со болничко возило бил пренесен во Клиничкиот центар на преглед.

Штекли и уште девет лица се товарат за продажба на марихуана и кокаин на територијата на Скопје.

Трајковски беше приведен на 19 јануари годинава, а следниот ден му беше одреден и 30-дневен притвор, кој му беше продолжен по поднесувањето на обвинението.



ad
Слично

Поврзани вести