Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТЕДЕЊЕ: Се намалуваат депозитите на граѓаните!

ШТЕДЕЊЕ: Се намалуваат депозитите на граѓаните!
Незначителен раст од 2 милиони евра на депозитината база во мај во однос на април,  регистрираше Народна Банка. Во мај вкупните депозити во банките изнесуваат 4 милијарди и 239 милиони евра. Анализата на бројките покажува дека во петтиот месец од годинава има раст на денарското штедење, додека кај девизното се забележува пад. Еве како изгледа депозитната база од аспект на валутната структура: Штедење во денари    2,4 милијарди евра Штедење во девизи     1,8 милијарди евра Во мај, според извештајот на Народната Банка и приватниот сктор но и граѓаните штеделе помалку во однос на април. Томку во мај по долг период за прв пат е регистриран тренд на намалување на штедењето на населението. Кајдомаќинствата, депозитната база изнесува 3,1 милијарда евра и во однос на април намалувањето изнесува скоро еден милион евра.
“Денарските депозити на населението во мај забележаа намалување на месечна основа наспроти нивното постојано зголемување од јуни 2013 година, со што нивното учество во вкупните депозити на населението се стабилизира на нивото од 50,5%. Девизните депозити на населението бележат умерен раст во однос на претходниот месец.“ – констатира НБРМ во најновиот јунски извештај.
Намалување е регистрирано и кај депозитите на приватните фирми,  кои во мај изнесувале 888 милиони евра и во однос на април се намалиле за скоро 2 милиони евра, пришто позначаен пад има кја депозитите во девизи. Според оценките на Народната Банка, депозитниот раст во мај е под проекциите.
“Заклучно со мај, годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 8,5% и е под проектираниот раст од 9,5% за вториот квартал. Притоа, на квартална основа, вкупните депозити бележат пад од 716 милиони денари, наспроти растот планиран за вториот квартал на 2014 година, согласно со априлската проекција.“ – оценува НБРМ.
Остварениот годишен раст на депозитите, според анализата на Народната Банка е резултат на месечното зголемување на депозитите на претпријатијата, во кои се вклучени и јавните, односно државните фирми. А.Д.
Слично

Поврзани вести