ШТЕДЕЊЕ: Пад на депозитите во денари и девизи!
По континуиран раст на штедењето, Народната Банка во март регистрирала намалување на депозитната база во банакрскиот сектор. Според најновите податоци, заклучно со првиот економски квартал, салдото на вкупните депозити изнесувало 4,6 милијарди евра. Во март, во споредба со февруари, НБРМ регистрираше намалување на вкупните депозити за 16,2 милиони евра.
Вкупни депозити:
Февруари 4 685 252 032 евра
Март 4 668 975 609 евра
Според анализата на депозитината база, е регистриран тренд на намалување на штедењето и во денари и во девизи. Така, на крајот на март денарските депозити изнесувале 2,7 милијарди евра и тие и натаму доминираат во однос на девизните депозити, со салдо од 1,9 милијарди евра.
Во истиот анализиран период, податоците упатуваат на намалување на депозитите на јавниот и приватниот сектор, кои изнесувале 1 милијарда евра и за еден месец се намалиле за 30 милиони евра. Од друга страна, НБРМ регистрираше пораст на штедењето кај населението, кое на крајот од март во банките чувало 3,3 милијарди евра, што е за скоро 24 милиони евра зголемување во однос на февруари.
Слично
