Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТЕДАЧИТЕ ПОБРЗАА ДА СИ ГИ ЗЕМАТ ПАРИТЕ - исплатени 54 милиони евра од Фондот за Еуростандард

ШТЕДАЧИТЕ ПОБРЗАА ДА СИ ГИ ЗЕМАТ ПАРИТЕ - исплатени 54 милиони евра од Фондот за Еуростандард

На штедачите од Еуростандард банка им се брзаше да си ги повратат своите штедни влогови од Еуростандард банка, односно оние до 30 илјади евра кои се исплатуваа од Фондот за осигурување на депозити.

Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари или 53,7 отсто, што претставува близу 80 отсто од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

„Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу 4/5 од средствата на депонентите на Еуростандард банка во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити“ соопшти Фондот за осигурување на депозити.

Слично

Поврзани вести