„ШТАЛАТА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска за статусот на обвинителката Кадриу
Откако поранешната обвинителка Лејла Кадриу објави скандалозен статус во кој обвинува за вметнување обвинители во случајот со модуларната болница за да се заштити некој вмешан, се огласи професорката Мирјана Најчевска.
„Шталата Македонија.
Треба да се отпуштат сите судии и јавни обвинители, да се распушти Собранието и да се распушти Владата.
Треба да се воспостави технократска влада составена од експерти кои не припаѓаат на ниту една политичка партија или барем не припаѓаат на партиите кои во било кој момент биле на власт или учествувале во власта.
Техноккратска влада на спасот која ќе ги постави темелите на демократските институции врз основа на критериуми, правила и процедури кои веќе постојат во законите.
Не ни требаат нови закони. Ни треба примена на постоечките.
(Не се залажувам дека обвинителката Лејла Кадриу е чиста. Мислам дека едноставно си ги вадат валканиците едни против други. Затоа треба сите од прв до последен да бидат отпуштени)“, напиша Најчевска.
Слично
