Шпинделегер: Не бараме мигрантски кампови во Македонија
Михаел Шпинделегер, првиот човек на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика, во Охрид рече дека мигрантски кампови како одговор на евентуален нов мигрантски бран во Северна Македонија нема да се градат
„Од наша страна немало никакви предлози до македонската влада да бидат изградени бегалски кампови но доколку би сакале вие како држава да се справите успешно со мигрантската криза би требало да преземете мерки во иднина“, изјави директорот Шпинделегер.
Тој додаде дека во Турција има луѓе од Ирак и Авганистан кои чекаат во секој момент да ја преминат границата и да се упатат кон Македонија и дека е неопходно да им се даде голема поддршка на државите кои се распределени долж Западно - балканската рута со цел тие да можат да се соочат со сите евентуални предизвици.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека Македонија на располагање ги има и ќе ги има само двата прифатни центри кои се наоѓаат на северната граница со Србија на Табановце и оној во близина на јужната граница со Грција кај Гевгелија.
