Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпигел: Груевски од модернизатор до ултранационалистички владетел

Шпигел: Груевски од модернизатор до ултранационалистички владетел

Никола Груевски некогаш важеше за модернизатор на Македонија, пишува германскиот магазин Шпигел, пренесе Дојче Веле.

Потоа се претвори во ултранационалистички владетел, кој сака да ја втурне својата земја во хаос- за да избегне затвор, наведува Шпигел за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. 

Шпигел во анализата посветена на состојбата во Македонија ја опишува метаморфозата на екс премиерот Никола Груевски, од надежен економист до ултранационалистички популист.

Груевски се претвори во ултранационалистички- популистички владетел кој владее во земјата со криминални методи: од безобзирни изборни измами преку корупција и шпионирање до сомнителни политички убиства. Македонија од земја за пример, стана најексплозивната земја во регионот“.

„Нов климакс, речиси тригодишната криза, доживеа минатиот четврток: По повеќенеделни националистички протести вооружени групи упаднаа во Парламентот и започнаа со една брутална насилничка оргија против опозициските пратеници. Многу набљудувачи се убедени дека Груевски е главен организатор на нередите“ - пишува Шпигел. 

Македонскиот публицист Сашо Орданоски верува дека Груевски е подготвен „да ја жртвува цела Македонија за своето политичко преживување. Тој сака да ја фрли земјата во хаос, а потоа себеси да се профилира како стабилизатор. Единствената алтернатива за него е: затвор, пишува Шпигел. 

Слично

Поврзани вести