ШПЕКУЛАЦИИ СЕ ДЕКА ЗАЕВ ИЛИ ФИЛИПЧЕ САКАЛЕ ДА ЈА КУПАТ КЛИНИКАТА - но затоа одеднаш 4 до 5 фонда дадоа понуди по неприфатливи цени - д-р Митрев за мотивите на нападите
И јас се согласувм дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, не сакале да ја обезвреднат и потоа да ја купат клиниката Жан Митрев, изјави во вечерашнава емисија на Топ Тема д-р Жан Митрев, стоотстотен сопственик на клиниката.
До него, се до денеска, не стигнале никакви понуди ниту од Заев ниту од Филипче ниту од блиски до нив за купување на клиниката. Затоа и д-р Митрев смета дека се шпекулации наводите за нивна било каква вмешаност врз нападите врз клиниката од одредени медиуми, кои, како што тој рече, биле со цел да се атакува врз клиниката.
„Всушност, тоа беа толку силни и оркестрирани напади, што беа еден вид непријателско преземање“, рече д-р Митрев.
Сепак, д-р Митрев во емисијата Топ тема на Телма откри дека, како што нагласи, токму за време на таа, според него перфекектно организирана хајка, а негативна за клиниката, стигнале одеднаш 4 до 5 понуди за откупување на управувачки пакет од 51 отсто од клиниката, по цени кои биле сосема неприфатливи.
„Ајде да погодиме кој стои позади тоа, и дали тоа не беше смислено намерно“, рече Митрев, додавајќи дека не се толку во прашање конкурентски болници, туку странски фондови.
Тој не беше конкретен дали зад сето ова стои извесен американски фонд со потекло од Албанија.
Вели дека најмногу се целело на оној дел каде што е најсилна клиниката, а тоа е интензивното лекување.
Инаку, во 2019 година клиниката Жан Митрев имала чист профит од 4,05 милиони евра. Митрев вели дека таа била најуспешна болница во последните пет години во земјава.
Д-р Митрев нагласи дека и порано имало понуди за купување на удел од клиниката, но тој е емотивно вфрзан за неа, бидејќи ја дигнал од зелена трева, и ниту од некого ја наследил, ниту некој му ја подарил, а за неа се уште плаќа и кредити.
Таа е целосно дигитализирана во 2020 година, токму за време на короната.
„Или да ми ја купат болницата, или да ме ‚ликвидираат' за да може некој таа болница потоа да ја преземе“, рече Митрев.
Тој рече дека никого не измамил, и уште 100 години на суд ќе се докажува дека не направил измами, доколку Обвинителството против него покрене обвинение.
