Шпаркасе ќе им плати на акционерите во Охридска банка по 5.577 денари за акција: НО ја одобри спогодбата
Надзорниот одбор на Охридска банка го одобри склучувањето на Спогодбата за присоединување на Охридска Банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, соопшти банката. По одобрувањето спогодбата била и потпишана.
„Согласно склучената спогодба, за акционерите на банката што се присоединува кои ќе се изјаснат дека не сакаат да примат акции во банката што презема во замена за нивните акции, банката што презема ќе изврши откуп на акциите на акционерите од банката што се присоединува по откупна цена од 5.577 денари за една акција, стои во соопштението.
Спогодбата ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранието на акционери
на двете банки, а по добиена претходна дозвола за статусна промена од страна
на Гувернерот на Народната Банка.
