Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанско момче ja подели со соучениците заштедата на дедо му

Шпанско момче ja подели со соучениците заштедата на дедо му

Десетгодишен шпански ученик им подари на децата од класот над 10 000 евра, заштеда од дедо му за лекови и медицински потрошен материјал, соопшти „Дејли мејл".

Момчето е од градот Калдес де Монтбуи, провинција Барселона.

За време на паузата за ручек учителите забележале дека неколку деца располагале со банкноти од по 100 евра.

Децата раскажале дека ги добиле парите од соученик, кој веднаш признал од каде му се парите. 

Наставниците создале посебен разговор во апликацијата WhatsApp, во кој ги замолиле родителите на децата од класот да ги вратат парите. Повикот го објави и локално радио. 

Голем дел од износот веќе е вратен, но децата успеале да потрошат 'дел од парите за колачи и налепници.

Слично

Поврзани вести