Шпанија ќе бара помош за спас од кризата
Шпанија може за време на викендов да побара спасувачки пакет од еврозоната, соопшуваат европски претставници, но додаваат дека сепак Германија посочува Мадрид малку да почека.
Тврдењето за промена во позицијата на Шпанија беше потврдено и од други високи извори од еврозоната, кои исто така побараа анонимност.
Во меѓувреме расте притисокот врз Мадрид од страна на финансиските пазари и од други европски партнери да побара спасувачки план за својата економија.
Портпаролот на германската влада, коментирајќи ги тврдењата дека Германија сака одложување на помошта рече дека секоја земја решава сама за себе, а Германија не притискала кон една или друга насока.
Шпанските власти пак велат дека нема информација за можното вето од страна на Германија врз евентуална финансиска помош за Мадрид.
Слично
