Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шота“ ќе заигра национален ансамбл за песни и ора

„Шота“ ќе заигра национален ансамбл за песни и ора

Државата ќе го поддржи и финансира формирање на национален ансамбл за играње традиционални албански ора и пеење албански народни песни со цел да се промовира, негува и претстави албанскиот фолклор. 

„Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од основање нова Национална установа „Анасамбл за албански народни ора и песни во Република Македонија“- Скопје и го задолжи Министерството за култура во рок од 30 дена да подготви и до Владата на Република Македонија да достави одлука за основање Национална установа „Анасамбл за албански народни ора и песни во Република Македонија“, соопшти Владата. 

Одлуката е донесена на вчерашната редовна 45-владина седница со што се предвидува заштита и унапредување на албанската народна традиција. Повеќе детали за начинот на кој ќе се формира ансамблот, буџетот и ангажираните уметници ќе следат наредната година.

Слично

Поврзани вести