Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шокаровски не кажа зошто се степал со Јовев, но вели дека на Кардиохирургија атмосферата е одлична

Шокаровски не кажа зошто се степал со Јовев, но вели дека на Кардиохирургија атмосферата е одлична

Суспендираниот директор на Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски, во синоќешното гостување во емисииајта „Тема на денот“ на ТВ Сител, не откри зошто дошло до физичка пресметка со неговиот претходник Сашко Јовев, но рече дека„ работната атмосфера таму е одлична“.

- Сашко Јовев е вратен на „Клиниката“ и ги има сите привилегии, одговорности и задолжености кои што ги имаат сите специјалисти. Редовно има свои пациенти и оперира.

Тоа дека се нарушени меѓучовечките односи, слушнав во јавноста. Напротив, атмосферата е многу професионална, коректна. Комуникацијата е на високо ниво. Во 2024 имаме високо ниво на резултати и можеби тоа е причината што се тргна на ваков линч на Клиниката, рече Шокаровски.

Тој им порача на пациентите да не бидат загрижени од „еден ваков чин на валкање на угледот“, по одлуката на министерот за здравство Илир Демири да го расчини Шокаровски поради „неажурна евиденција во Мој термин“.

Шокаровски рече дека 158 пациенти, од кои никој не починал, не биле внесени во статистиката на „Мој термин“, но биле внесени софтверски во системот.

Во септември минатата година МВР потврди дека Јовев во периодот кога бил разрешен физички го нападнал Шокаровски а потоа самиот отишол во полиција да го пријави инцидентот. 

Шокаровски вчера меѓу редови рече дека постои намера неговата суспензија да е поврзана со обидот да се дефокусира јавноста од проблемот со 15-те затворени хируршки сали поради „непозната миризба“.

Слично

Поврзани вести